Од 27 до 29 мај во Ниш, Србија ќе се одржи меѓународен фесивал по гитара. Основното музичко училиште ќе учествува со шест ученици меѓу кои двајца се соло, Кире Понов и Ивана Пакетов, а другите се дуо гитари: Митко Витанов и Кирил Ичков, како и Велјан Дојчинов и Стефан Локов. Нивниот ментор, Васко Пиличев се надева на успеси: „Ова е уште еден меѓународен натпревар пред крајот на учебната година. Патувам со големи очекувања од моите ученици кои годинава се претставија одлично каде и да учествуваа. Сметам дека тие се најзаслужни за успехот, бидејќи напорно и посветено вежбаа“, рече професорот Васко Пиличев. Тој воедно е и дел од меѓународното стручно жири на натпреварот. Во жирито се и Вера Огризовиќ, Белград, Србија, Фабио Барбагало, Соларино, Италија, Иван Андонов, Ќустендил, Бугарија, Александар Хаџи Ѓоргевиќ, Белград, Србија, Весна Петковиќ, Ниш, Србија, Братислав Златковиќ, Ниш, Србија, Милкица Понјавиќ, Белград, Србија и Љубислав Ангелковиќ, Лесковац, Србија.
About The Author
Related Posts
Најпосетени
- Земјоделците од Куклиш на трактори - гневни на ниските откупни цени
- По првиот бараж, Академија Пандев и Хоризонт Турново блиску до Втора лига
- Макс славеше над Охрид - Шампионатот го завршуваат како трети за нов Евро настап
- Фото - Дечињата на Горан Пандев од Академијата, родени 2002 и 2003 - Шампиони
- Струмичани на меѓународен натпревар по гитара во Ниш, Србија. Професорот Пиличев и дел од жирито