Автор: Илија Шулев

СЗО: Со растот на температурите се зголемува опасност од вирусот зика

Вирусот зика, кој предизвикува дефекти кај новороденчињата и поретко привремена парализа кај возрасните, би може да се прошири и во Европа со растот на температурите, иако ризикот тоа да се случи е помал, потврдија денеска здравствените власти. Најголем ризик постои во областите со голем број комарци, како североисточниот дел на Црното Море. - Степенот на ризик од ширење на вирусот се разликува од земја до земја. Ги повикуваме државите во кои можноста од ширење на овој вирус е поголема, да ги преземат сите неопходни мерки за спречување, изјави Жужана Јакоб, директорка на регионалната канцеларија на СЗО во Европа. Зголемените...

Read More

НАСА: Загрижувачки податоци за мерењето на глобалната температура

Американската вселенска агенција НАСА објави загрижувачка вест дека април оваа година бил најтоплиот месец, откако се мери температурата, како и дека март бил најтопол месец во изминатите 136 години. Тие податоци покажуваат дека растот на глобалната температура е константа, која светот би требало сериозно да го загрижи. Американската агенција минатиот месец предупреди дека октомври, ноември и декември 2015 година и јануари и февруари оваа година ги урнале рекордите во однос на глобалните температури и оти тој тренд ќе продолжи. Според извештајот на НАСА температурата на глобално ниво во април е повисика за 1,1 отсто во однос на мерењата од...

Read More

Германија: Канабис на лекарски рецепт

Германската влада усвои предлог закон за тешко болните пациенти во иднина да можат да добијат канабис во аптека. „Целта ни е здравствените каси да ги преземат трошоците за канабисот како лек за тешко болните пациенти, на кои друго средство не може да им помогне“, образложи министерот за здравство Херман Гре вчера (04.05.2016) по седницата на владата во Берлин. Новата регулатива треба да важи од пролетта 2017 година и на тешко болните, кои немаат друга медицинска алтернатива, да им овозможи во аптека со лекарски рецепт да набават исушени цветови на канабис и екстракти на ова растение. Истовремено, ќе продолжат научните...

Read More

Италиjански суд: Кражба на храна не е кривично дело, ако причината е глад

Врховниот касационен суд на Италија пресуди дека кражбата на мало количество храна, за да се надмине гладот, не претставува кривично дело. Судот ја отфрли пресудата на Основниот суд во Џенова, против бездомникот Роман Остријаков, кој бил фатен како краде сирење и колбаси, во вкупна вредност од 4,7 евра. Остријаков кој е од украинско потекло, бил осуден во минатата година на дури шест месеци затвор и парична казна од 100 евра. Адвокатите кои го бранеле по службена должност поднеле жалба прво до основниот Апелациски суд, а потоа и од Врховниот касационен суд. Според „крадецот“ и неговите бранители, делото било направено...

Read More

Триумфот на австриските десничари!

За прв пат по 194 година на избори Австрија го даде мнозинството свои гласови на претставник на екстремната десница која освои 36,4 отсто гласови во првиот круг на претседателските избори. Класичната левица и десница – социјалистите и демохристијаните освоија одвај нешто повеќе од 10 отсто и со тоа го загубија правото да се појават во вториот круг на изборите закажан за 22 мај. Новото лице на екстремно-десната партија ФПО е Норберт Хофер кој освои многу повеќе гласови отколку Јорг Хајдер, починатиот поранешен лидер на партијата поради кој Австрија мина низ период на изолација од страна на ЕУ. Добар резултат...

Read More

Велигденски концерт со Александра Јанева & Coverland

Mиленичката на струмичката публика Александра Јанева со ново волшебно, акустично и романтично искуство. Велигденскиот хуманитарен концерт под мотото „Да ја разбудиме хуманоста“, ќе можете да го проследите на Канал ВИС во сабота со почеток 20:00 часот и во недела во рамките на емисијата “Неделен магазин”. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Орбан: Со Уставот на Унгарија е забранета „исламизација“ на државата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан нагласи денеска во говор во парламентот дека со унгарскиот Устав е забранета исламизација бидејќи целта на документот е да се зачува унгарскиот јазик и култура. Тој рече дека Уставот ја задолжува Владата да се спротистави на кој било вид масовна миграција поради која би биле загрозени тие принципи. Говорот на Орбан беше по повод 5-годишнината од новиот Устав на Унгарија. И да бидам разбран јасно и недвосмислено – Исламизацијата е забранета со уставот на Унгарија, нагласи тој. Унгарија подигна ограда ја јужните граници за да спречи преминување низ нејзина територија на мигранти чија крајна дестинација...

Read More

Time: Кои се највлијателните личности во светот

Шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард е меѓу највлијателните личности за 2016 година на списанието Time. Меѓу останатите личности кои влегуваат во престижната листа, се основачот на социјалната мрежа Facebook, Марк Зукерберг и неговата сопруга Присила Чeн, како и актерот Леонардо ди Каприо. Како и секоја година Time ги рангираше личностите во неколку категории. Во категоријата “Лидери” оваа година се Кристин Лагард, рускиот претседател Владимир Путин, Барак Обама, кинескиот колега Си Ѕинпин, лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел. Во листата се присутни уште претседателските кандидати на САД...

Read More

Убавата страна на Америка

Каков Њујорк, Лос Анџелес, Мајами или лудницата наречена Вегас. Најубавиот дел од Америка не го изградила човечка рака. Во дивината на северноамериканскиот континет постојат околу 50 национални паркови. Yellowstone Еден од најдобрите описи за овој парк би бил ваков: Ако зборуваме за она што е прво и ги заслужува многу суперлативи - за првиот национален парк во светот, отворен за доброто на луѓето во далечната 1872 година, ако зборуваме за најпознатите и највисоките гејзери на светот, за наjголемото плaнинско езеро во Северна Америка - тогаш зборуваме за 900.000 хектари на Yellowstone. Националниот парк Yellowstone во најголемиот дел се наоѓа...

Read More

Конкурс: Навредете го Ердоган!

Aнгела Меркел нареди истрага против комичарот Јан Бомерман поради навреда на турскиот претседател Ердоган и со тоа ја отвори пандорината кутија. Критиките кон германската канцеларка пристигнуваат од различни страни, а можеби најкреативен е британскиот весник “The Spectator” кој на своите читатели им предложи занимлива понуда – тој кој најмногу ќе го навреди турскиот претседател ќе добие награда! Кој ќе смисли најнавредлива песна за Ердоган ќе освои 1000 фунти. Наградата е донација на еден од читателите на весникот, објавил на својот твитер профил уредникот Фреди Греј. Не е објавено до кога ќе трае огласот, но оваа понуда привлекла големо внимание...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: