Автор: Илија Шулев

Без лична карта веќе нема да можете да користите Фејсбук!

Европската комисија предложла, за пријавување на друштвените мрежи во иднина да се користат национални лични карти, кои се користат во повеќете земји на ЕУ, освен Данска и Велика Британија. Па така, наскоро можеби наместо корисничко име и лозинка да внесуваме податоци од личната карта. Идејата ја презентирал подретседателот на Комитетот за единствен дигитален пазар на Европската комисија, Андрус Ансип, а од документите кои протекоа од тој дел на Европската Унија очигледно е дека се сака да се поттикне поголема употреба на личните документи во оваа област. Онлајн платформата треба да користи податоци кои ги признаваат националните државни тела, како...

Read More

Рим ќе добие жена за градоначалник

Кандидатот на италијанското антиестаблишмент движење „Пет ѕвезди“„ Вирџинија Раџи, убедливо победи во првиот круг на изборните за нов градоначалник на Рим, освојувајќи 37 отсто од гласовите. За втората позиција се уште се борат, во „мртва трка“ кандидатот на левоцентристичката Демократска партија на премиерот Матео Ренци и на крајната десница, со приближно освоени 22 отсто од гласовите на Римјаните. Раџи и второпласираниот кандидат, на 19 јуни во вториот круг ќе се борат за градоначалник на „Вечниот град“. Вчерашните делумни локални избори во Италија за градоначаници во 1.300 градови и населени места, како и за Рим, Милано, Торино и за Неапол,...

Read More

Mнозинството Британци го поддржуваат напуштањето на ЕУ

Анкета направена минатата седмица покажува дека 45 отсто од Британците се изјасниле дека се за напуштање, а 41 отсто го сметаат спротивното. Бројот на поддржувачите за излегување на Велика Британија од Европската Унија е за 4 процентни поени повисок од спротивниот табор – оние што сметаат дека не треба да се напушти, вели најновото истражување на јавното мислење на „Ју-гов“, порачано од утринската програма на телевизијата ИТВ, пренесува БТА. Анкетата направена минатата седмица покажува дека 45 отсто од Британците се изјасниле дека се за напуштање, а 41 отсто го сметаат спротивното. Според едно друго истражување, пак, направено последната седмица...

Read More

Вработување

Фирма за производство на мебел има потреба од работнички со или без работно искуство. Информации на телефон: 070/374-189 Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Турција го повлече својот амбасадор од Германија

Турција го повлече својот амбасадор од Берлин откако Бундестагот денеска ја усвои резолуцијата за геноцидот врз Ерменците од 1915 година, јави агенцијата „Анадолија“. Турскиот заменик премиер, Хуман Куртулмус, претходно ја отфрли одлуката на Бундестагот, изјавувајќи дека Турција не ја признава оваа одлука. Тоа е тема со која треба да се занимаваат научниците, историчарите, а не политичарите или парламентите. Турција на секоја платформа и во секоја прилика ќе одговори на оваа одлука - рече Куртулмус. Прифаќањето на низата погрешни наводи, како што кажа, и нивното карактеризирање како геноцид во Парламентот на Германија е оценето како историска грешка, пренесува „Анадолија“. Турскиот...

Read More

Во Германија регистрирани нови 12 случаи на вирусот зика

Според извештајот на „Институтот Роберт Кох“ во Германија во мај биле регистрирани 12 нови случаи на опасниот вирус зика. Информациите се објавени еден месец откако германските власти најавија задолжителна регистрација на инфицираните од овој вирус. -Работиме под претпоставка дека инфицираните дошле во контакт со вирусот додека патувале во странство, изјави портпаролот на институтот за германските медиуми. Од октомври минатата година во земјата се регистрирани вкупно 56 случаи на зика, иако од институтот велат дека реалната бројка е можеби поголема. „Нема да биде изненадување да има и непријавени случаи, затоа што симптомите на вирусот не се интензивни и инфицираните не...

Read More

Кинески тинејџер пронајден во багаж на аеродромот во Дубаи

Вработени на аеродромот во Дубаи меѓу багажот што приситгнал со авион од Шангај, откриле еден млад Кинез, јави ДПА. Кинезот, именуван само како Ксу, кој има само 16 години, изјавил дека му било „многу удобно“ во одделот за багаж за време на деветчасовниот лет од Шангај до Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), иако не јадел ништо. Вештото момче успешно ги прескокнало оградите на шангајскиот аеродром, по што стигнало до одделот за багаж и се сокрило во еден од куферите, додека надзорниците не гледале. Неговите мотиви за нелегалниот транспорт биле од финансиска природа. Ксу рекол дека се упатил кон Дубаи, бидејќи...

Read More

Хајбатула Ахунзада - нов лидер на талибанците

Талибанците официјално ја потврдија денеска смртта на нивниот лидер мулата Ахтар Мансур, кој беше убиен во напад со американско беспилотно летало. Тие го избраа Хајбатула Ахунзада за нов лидер, се вели во писменото соопштението на портпаролот на талибанците Забиула Муџахид. Мулата Манасур беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Пакистан во саботата. Тој ги предводеше талибанците од минатата година по смртта на неговиот претходник мулата Мохамед Омар. Талибанците за негов наследник го избраа Ахунзада, поранешен раководител на судскиот систе на исламистичкото движење. Ахузанда е избран на средба со талибанските лидери, за која се смета дека била одржана...

Read More

Јанош Лазар: САД сака да ја наполни Европа со муслимански бегалци

Американскиот претседател Барак Обама и САД поддржуваат илегалната миграција во Европа, бидејќи сакаат да го наполнат континентот со муслимани, изјави денеска Јанош Лазар, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан. – Не многу одамна, кога беше на посета во Европа, претседателот Обама јасно ја изрази поддршката и важноста на миграцијата, доселувањето па дури и присилното населување, изјави Лазар. – Обама и Америка следат многу силна политика за поддршка на миграцијата, на нелегалната миграција, со цел да има што повеќе муслимани во Европа, додаде Лазар. Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека не е запознаен со коментарите на...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: