Автор: Димитар Мицев

Жена спасена од пожар во Струмица

Жена ќе загинеше во пожар во семејна куќа во Струмица. Пожарот што изби попладнево на улицата Херој Карпош се претвори во вистинска драма на која сведочеа соседите но и екипи на противпожарната единица, откако сопственичката на куќата не сакаше да ја напушти. Пожарникарите едвај ја извлекоа жената од пламените јазици, бидејќи таа се опираше и сакаше да остане внатре. Пожарот избил нешто после 15 часот во приземјето на куќата и бргу се прошири и на катот. Две противпожарни возила го гасеа огнот, а се претпоставува дека жената била сама дома. Таа живее со сопругот, кој најверојатно бил излезен. Не...

Read More

Исчезнато е лице од Раброво, Валандовско

Исчезнато е лицето Ванчо Костевски од с.Раброво, Валандовско. Последен пат е виден на 02.07.2016 во својот дом околу 14:00 часот и бил облечен во бела маица без ракави, кратки црвени панталони, патики и црвена торба. Висок е околу 1м и 67см. Доколку имате било какви информации ве молиме обратете се до најблиската полициска станица или на телефон 078/381-006. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Струмичани на меѓународен натпревар по гитара во Ниш, Србија. Професорот Пиличев и дел од жирито

Од 27 до 29 мај во Ниш, Србија ќе се одржи меѓународен фесивал по гитара. Основното музичко училиште ќе учествува со шест ученици меѓу кои двајца се соло, Кире Понов и Ивана Пакетов, а другите се дуо гитари: Митко Витанов и Кирил Ичков, како и Велјан Дојчинов и Стефан Локов. Нивниот ментор, Васко Пиличев се надева на успеси: „Ова е уште еден меѓународен натпревар пред крајот на учебната година. Патувам со големи очекувања од моите ученици кои годинава се претставија одлично каде и да учествуваа. Сметам дека тие се најзаслужни за успехот, бидејќи напорно и посветено вежбаа“, рече професорот...

Read More

Струмичани и струмичанки пресилни!

Елена Биџева и Душан Костуранов се покажаа како најуспешни претставници од карате клубот „Сихан“ од Струмица на интернационалниот карате турнир „Гази Баба Опен 2016“ кој се одржа во Скопје на 2-ри Април. 18 годишната Елена Баџиева беше најдобра во женска категорија до 55 килограми а Душан Костуранов во машка категорија до 68 килограми, и двајцата освоија златен медал. На истиот турнир учествуваа и 10 годишните Невена Малинова и Александра Стојанова и 11 годишната Снежана Пеливанова, исто така претставници на карате клубот „Сихан“ од Струмица. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Аудицијата за ЈО-ЈО 2016 започна!

Започнува аудицијата за Јо-Јо фестивалот во основните училишта. Сите дечиња ќе бидат информирани во самите училишта а доколку ви треба повеќе информации слободно контактирајте не преку facebook страната на ЈО-ЈО, пишeте ни на [email protected] и ќе ви одговориме на сите ваши прашања Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: