Регион

Гевгелија, Струмица и Дојран се меѓу општините со највисок приход по глава на жител

Гевгелија, Струмица и Дојран се меѓу општините со највисок приход по глава на жител во 2019 година.Тоа го покажува новото истражување на Центарот за економски анализи. Висината на сопствените приходи на единиците на локална самоуправа по жител во минатата година во просек на национално ниво изнесуваат 6.441 денари. Највисоко на листата општини со просечни сопствени приходи е општина Новаци со 16.345 денари по жител, потоа, следуваат општина Македонска Каменица (15.321 д.) и Општина Центар (14.405 д.)

Општина Дојран се наоѓа на високото шест место со 9.327 денари по глава на жител. Гевгелија се наоѓа на десеттото место со 6.698 денари сопствени приходи по жител во 2019 година. Веднаш зад неа се наоѓа Струмица, на единаесетото место со 6440 денари по глава на жител.

Ако се имаат предвид последиците од пандемијата на гевгелиската економија нема сомневање дека просекот на сопствените приходи во општина Гевгелија во 2020 година е намален. Бидејќи најголеми штети се предизвикани во туризмот и угостителството, како и услужните дејности, каде што и сопствените приходи се најкарактеристични.

Слична е состојбата и во Дојран и Струмица, затоа што бизнисот и локалниот туризам претрпеа голема штета последните месеци.

Препорачуваме:

Тренчевска: Социјалните права и услуги ги доближуваме до граѓаните, отворена нова подрачна канцеларија за социјални работи во Богданци

Ване Трајков

43 деца пријавени во Струмица за вакцинизација

Стојне Митева

Поскапеа бензините и нафтата, кои се новите цени?