Регион

Фото: Скопјанец загина во сообраќајка кај Гевгелија, со мини морис удрил во гаражи

Скопјанец на возраст од 50 години загина утрово во тешка сообраќајка кај Гевгелија. Според првичните информации од СВР Струмица, сообраќајката се случила околу 7 часот и 30 минути на излез од Гевгелија.

„Се работи за З.Д. (50) од Скопје кој управувајќи возило мини морис со бугарски регистерски таблички удрил во лимени гаражи. Од ударот возачот се здобил со тешки повреди поради кои починал. На лице место увид извршила полиција, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција“, велат од СВР Струмица. 

Од таму додаваат дека причините за сообраќајката со жртва дополнително ќе се утврдуваат. 

Препорачуваме:

На 5 ноември „Ден на празот“ во Градашорци

Ѓ. K.

Струмичката болница се полни со Ковид позитивни пациенти

Почина пејачот Васил Ангов од компликации од коронавирусот

Ване Трајков