• Mon. Nov 25th, 2024

Гореше ТВ канал ВИС

ByDimitar Micev

Mar 25, 2020 #вис
Пожар ВИС

Рано утрово околу 2 часот изби пожар во зградата на поранешната касарна каде се сместени просториите на регионалната ТВ канал ВИС. Во пожарот кој изби зафатени беа телевизкото студио и техниката, но гореа и останатите субјекти сместени во зградата. Противпожарната екипа е се уште на терен и се обидуваат да го локализира пожарот. Увидна екипа на полицијата треба да дојде во текот на денот откако ќе се изгасне пожарот. Истрагата треба да покаже кои се причините на избивање на пожарот и колкава е материјалната штета.

ТВ канал ВИС неа да ги остави гледачите без содржини. Телевизиските екипи ќе работат и понатаму на терен, ќе ги информираат граѓаните за се што се случпува во регионот преку официјалната web страна, фан страната на facebook, а вестите ќе се емитуваат на официјалниот youtube канал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *