• Fri. Nov 22nd, 2024

Тезгите од Глобал привремено ќе бидат сместени во пазарот „Чешел“

Продавачите на овошје, зеленчук и мешана стока чии тезги настрадаа во големиот пожар што синоќа го зафати трговскиот центар „Глобал“ ќе бидат префрлени во пазарот „Чешел“ до санирање на објектот. Директорот на јавното комунално претпријатие „Комуналец“, Зоран Ѓоргиев рече дека ќе се направи реорганизација на тој пазар за да им се овозможи на граѓаните да продолжат со работа во следниот период и да не останат без основна егзистенција.

Денеска во посета на опожарениот „Глобал“ дојде и градоначалникот Коста Јаневски со премиерот, Зоран Заев. Се сретнаа со сопственици на дуќани и тезги во „Глобал“ и ветија брзо расчистување на просторот, но и помош за санација на штетите.

Трговскиот центар претрпе огроман материјална штета по пожарот што беснееше повеќе од пет часа и којшто го гасе 61 пожарникар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *