Руската вакцина против КОВИД – 19 којашто ја направи центарот „Гамалеј“, ќе биде ригистрирана на 12 август, а први ќе ја примаат медицинските работници и старите лица, изјави заменик министерот за здравство на Русија, Олег Гриднев.
„Во тек е последната, трета фаза на тестирање. Испитувањето на вакцината е многу важно. треба да сфатиме дека вакцината мора да биде безбедна. Прво ќе се тестираат здравствените работници и старите лица“, реќе Гриднев, кој додаде дека ефикасноста на вакцината ќе може да се утврди дури откако ќе се создаде имунитет меѓу населението.
Масовната вакцинација против корона – вирусот во Русија беше планирана за октомври.
Во текот на последното тестирање, руските научници изјавија дека засега нема нус појави од тестирањето на вакцината.