Последните лекарски прегледи на волонтери кои биле дел од клиничките испитувања на вакцина против КОВИД – 19 не покажале нуспојави, но затоа пак бил потврден имунитет, објави Руското министерство за одбрана.
Како што објави Танјуг, кај волонтерите има јасен имунитет којшто е резултат на вакцината.
Руското Министерство соопштило дека завршните испитувања биле направени во Главната воена клиника Бурденко, а развојот и тестирањето на вакцините биле направени според протокол за клиничко испитување.
Волонтерите се вратиле во болницата 42 дена по вакцинирањето.