Десет струмички фирми потенцијални загадувачи на воздухот.Инспекторите и понатаму на терен

Регион

Десет струмички фирми потенцијални загадувачи на воздухот.Инспекторите за животна средина кај нив откриле непочитување на одредбите за затоплување и производсвените капацитети ,користели недозволени материјали.За одреден период од време мора да го променат огревниот материјал во спротивно казните се големи.

Алармот се крена откако министерството за животна средина постави мерна станица за аеро загадување во Струмица, првите резултати беа поразителни.ВО еден дел од денот ПМ честичките се искачија на 770 микрограми.Од ресорното министерство информираат дека мерната станива во моментов е во мирување , ќе започне да функционира откако ќе бидат изрегулирани сите параметри на истата.

До тогаш струмичките инспектори ќе продолжат да ги чешлаат фирмите но и домаќинствата со цел утврдување на потенцијалните загадувачи.Ќе се врши засилен надзор а од општината велат дека никој нема да биде поштеден.

Поврзани вести

Апел за помош за младиот Стојче Јовановски да застане на нозе

Ване Трајков

АКАДЕМИК ГЕОРГИ СТАРДЕЛОВ ДОБИТНИК НА СВЕТСКАТА НАГРАДА ЗА ХУМАНИЗАМ ЗА 2020 ГОДИНА

Стојне Митева

Македонија доби условен датум за почеток на преговори со ЕУ

Оставете коментар

Оваа страница користи колачиња. Прифати Повеќе