Четиригодишно дете загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот Дабиље-Петралинци, на излезот од селото Дабиље. Автомобил марка Опел Астра излетал од патот. Во возилото биле татко и дете на околу четири години од селото Босилово. Од непознати причини, возачот изгубил контрола над автомобилот и излетал во нивите. Најверојатно се движеле во правец од селото Петралинци кон Дабиље. На местото на несреќата пристигна полициска екипа и јавен обвинител. Детето и таткото се префрлени во општата болница Струмица, каде е констатирана смрт на детето, додека таткото поминал со телесни повреди.
About The Author
Related Posts
Најпосетени
- Царовска: Во 2019 деинституционализација на Завод за заштита и рехабилитација Бања Банско
- Џио Струмица славеше против Шутова во полуфиналето од Купот- финале ќе се бара во Кичево
- Кларинетистите Агушев и Ирфаноски со втори награди на Државниот натпревар
- „Џунглата“ патува во Скопје - денеска концерт во Македонската опера и балет
- 15 први и 3 втори награди за ОМУ „Боро Џони“ Струмица на регионалниот натпревар во Кавадарци
ПРЕЗИДЕНТ
Лотарија на Македонија
Последни објави
- Какво време ќе имаме за Велигден: Ова е долгорочната прогноза април 12, 2019
- Во Солун конфискувани над 12 милиони шверцувани цигари од Кина наменети за Македонија април 12, 2019
- Агресивна струмичанка приведена на скопскиот аеродром април 12, 2019
- Социјалното домување ќе биде посебна глава во Законот за домување април 12, 2019
- Нема работници за машинската и за енергетската индустрија април 12, 2019