Кошаркарите на Кожув од Гевгелија по синоќешниот пораз од Морнар во Бар – Црна Гора во реванш полуфиналето од БИБЛ лигата останаа без финале во ова натпреварување. Морнар успеа да ја анулира предноста на гевгеличани од 15 поени од првиот натпревар (86:71) и во реваншот синоќа славеа со 81:56. ,,Морнарите,, негативата ја потопија уште во првата четвртина кога имаа водство од 16 поени. Гевгелискиот состав беше рамноправен само во третиот период а во последните 10 минути беа очајни со само 6 уфрлени поени. Гевгеличани по вторпат ги губат шансите за освојување на ова балканска БИБЛ лига.
About The Author
Related Posts
Најпосетени
- Лош старт на откупот на пролетната зелка
- Умни Глави нов квиз на Тв канал Вис
- Ексклузивно интервју со Амар Гиле во емисјата Шанк, дознајте го неговиот двојник од Струмица
- Д-р Македонка Глигорова за бебето од Дојран:беше сомнително уште на првиот преглед
- Радовишките џудисти ,,опасни,, и во Прилеп, се вратија со девет медали