Кошаркарите на Кожув од Гевгелија како да подзаборавија на победите пред своја публика од домашниот шампионат. Во последните два меча, гевгеличани претрпеа порази кои не беа очекувани за лубителите на овој спорт од Гевгелија. Најпрво од Работнички а викендов и од Фени индустри што беа изненадувачки за пошироката јавност. Во последниот меч пак со кавадарчани, стратегот Илиевски шанса им даде и на играчите од вториот состав со цел да ги чува најдборите за реванш дуелот со Морнар. Тимот на Кожув кој има аспирации за висок пласман и ова сезона е на 5 позиција од каде најверојатно ќе ја стартува плеј оф пресметката. За разлика од домашниот шампионат на мегународна сцена, гевгеличани атакуваат на финале од БИБЛ лигата. Утре во Црна гора со Морнар го играат реваншот пред кој гевгеличани имаат 15 поени предност
About The Author
Related Posts
Најпосетени
- Д-р Македонка Глигорова за бебето од Дојран:беше сомнително уште на првиот преглед
- Академија Пандев подобра од Беласица и се поблиску до Втората лига
- Видео: Стојанов - поквалитетни сме од Беласица, Аџиманов - потфрливме
- Видео: Мегу Нов и Стар Дојран нова населба со 150 парцели за домување
- Пораз на Струмица од Карпош, на трибините едвај 40 тина посетители