Фудбалерките на ЖФК ,,Тиверија,, од Струмица вчера на фудбалското игралиште со вештачка трева на стадионот Младост одиграа меѓународен натпревар со ,,Спротика,, до Благоевград Бугарија. Со головите на Сара Граматикова која дваапати се запиша во листата на стрелци и Павлинка Николовска, ,,тиверијанки,, славеа победа од 3:1. Имајки во предвид резултатот но и играта во текот на целата средба, струмичанки покажаа супериорност над бугарскиот тим, кој лани ја освои вицешампионската титула и се наоѓа на втората позиција на табелата. Инаку струмичкиот женски прволигаш предводен од тренерот Славе Велков во моментов се наоѓа на петата позиција во македонскиот женски фудбалски шампионат во чии редови има квалитетни фудбалерки и се членки на македонската женска репрезентација како во сениорскиот така и во младинските состави
About The Author
Related Posts
Најпосетени
- Три бугарски телевизии во македонскиот медиумски простор, засега се гледаат во Струмица
- Агресивна струмичанка приведена на скопскиот аеродром
- Бугарите овој Велигден без македонското јагнешко
- Од Струмица денес полетаа 58 балони во боите на Русија во чест на Јуриј Гагарин
- Во Солун конфискувани над 12 милиони шверцувани цигари од Кина наменети за Македонија
ПРЕЗИДЕНТ
Лотарија на Македонија
Последни објави
- Блокотехна прв финалист во КУПОТ април 13, 2019
- Киро Донев: Љубовта кон книгата се раѓа во домот април 13, 2019
- Науката е важна за развој на земјоделството април 13, 2019
- Блокотехна во полуфиналето од КУПОТ во Гевгелија Кожув не успеа да се пласира април 12, 2019
- Од 11 до 13 јуни на кошаркарското игралиште на СОУ „Јане Сандански“ – STREET BASKET 2019. април 12, 2019