Дваесетина жители од Струмица и населените места Петралинци, Баница, Моноспитово, Габрово, Василево, Свидовица и Просениково во јануари и февруари краделе струја од мрежата на ЕВН. При редовна техничка контрола од страна на вработените во ЕВН Макеоднија кај сите 19 лица било констатирано дека превземаат нерегистрирана количина електрична енергија без мерна опрема при што ЕВН го оштетиле за околу пет илјади евра или 327 илјади денари. Најмногу крадел К.И. (57) од селото Петралинци кој направил штета од речиси 64 илјади денари за тие два месеци, по што следува лицето В.А. од Баница со 47 илјади денари и лицето Н.Т од Струмица со 38 илјади денари. Останатите направиле штета од 8 до 15 илјади денари Сите лица од струмичката полицијата заработија кривични пријави за кражба на електрична енергија
About The Author
Related Posts
Најпосетени
- Видео - Трендафилов : Македонската ракометна селекција со Лазаров има потенцијал за изненадувања
- Турнирот во мал фудбал во Василево влегува во завршница, кој со кој за полуфинале !
- Дојранското езеро под мраз, концесионерот тврди дека нема опасност за рибите
- Во Струмица хоспитализирано 25 лица со грип.
- Видео - Агрофруктус пред Нова година отпушти работници, заради сезонската работа