Три жртви однесе Сува Река кај Гевгелија. Две сестри и мажот на една од сестрите се удавиле утрово околу 6 часот и 45 минути обидувајќи се да ја поминат надојдената река. Станува збор за група мигранти кои нелегално влегле во земјата и имале намера да транзитираат кон северната граница. Во спасувањето на луѓето учествувала и територијалната противпожарна единица во Гевгелија. Преживеаните 23 мигранти се однесени во транзитниот центар Винојуг, каде им е укажана прва помош. Неофицијално, станува збор за државјани на Авганистан.
About The Author
Related Posts
Најпосетени
- Кикбоксерот Игор Петков стана татко - Ана ми донесе нова музика !
- Фото: Медицинарите од Димитар Влахов хумани, опремија детско катче во струмичката болница
- Видео – Давид од Радовиш, огромен талент во македонскиот Триатлон а има само 13 години
- Осигурувањето на посевите е неповратна инвестиција, смета Данаил Паланков од струмичко Муртино
- Министерот Спасовски го посети повредениот полицаец од вчерашниот обид за насилен влез на мигрантите