Фудбалерите на ,,Академија Пандев,, ја изненадија најдобрата бугарска младинска екипа откако денеска пријателски одиграа 2:2 среде Софија. Во рамките на контролките пред заминувањето на интернационалниот турнир Виареџо Италија, младите ,,пандевци,, ремизираа со ДИТ – Софија која е најдобрата екипа во младинска конкуренција во бугарскиот шампионат.Струмичките млади надежи со головите на Петков и Мишов имаа предност и водство од 2:0 но во финишот од средбата дозволија домакините да дојдат до израмнување. Според информациите ,,Виареџо екипата,, на Академија Пандев одиграле одлично и борбено во текот на целиот натпревар додека младите бугари се изнамачиле да дојдат до мрежата на струмичани кои во петок заминуваат за Италија.
About The Author
Related Posts
Најпосетени
- ,,Петлињата,, на Горан Пандев - ШАМПИОНИ во југоистокот, титулата ја посветија на Лазаревски
- Нова титула за младите на ОК Струмица - 15 години по ред ШАМПИОНИ
- Сардич им се заканува на активистите од Спас за Гевгелија и Спас за Валандово со тужби
- Директорот на Здравен Дом- Струмица денеска ги демантираше изнесените факти кои утрово излегоа од дневниот билтен на МВР
- КУП титулата утре во Струмица, Пелистер и Шкендија повикаа на фер плеј