Регион

Југоистокот да ги зачува автохтоните земјоделски продукти и производи

Земјоделците и земјоделските стопанства од Југоиситокот вклучени се во истражување кое треба да ја покаже сликата на автохтоните продукти и производи. Во Македонија само еден производ е заштитен со некоја од меѓународно признатите ознаки.

Да се поттикнат земјоделците да ги заштитуваат своите автохтони производи или продукти е една од целите на истражувањето што во Југоистокот го спроведува здружението Слоу фуд од Битола, како поддршка на работата на локалните производители и руралниот развој. Оттаму велат дека во регионот има мапирано триесетина вакви земјоделски предности, но ниту еден од нив не е заштитен со меѓународно признатите ознаки за потекло, заштитена географска ознака или гарантиран традиционален специјалитет.

Неделкова додава дека во рамки на Македонија, само еден производ е зашитен.

Трошоците за регистрација на произвподот изнесуваат околу 5 илјади евра, објасни Неделкова. Од нив, 80 проценти ги покрива министерството за земјоделство. Со новите измени, намален е и рокот за издавање ознака од една година на еден месец.

Во нашата држава постојат голем број производи со одличен сензорен квалитет дефиниран преку потеклото од локалниот биодиверзитет, долгата традицијата на нивното производство и култура на консумирање; поврзани со традиционалното знаење и територијата, меморијата и идентитетот на локалната заедница; произведени во ограничени количини со користење на занаетчиски методи, велат од Слоуфуд.

Денес овие производи се загрозени и им претстои опасност од исчезнување, затоа се прави обид з анивнои детектирање и заштита.

Инаку, прашалникот се реализира во рамки на проектот “Одржливото земјоделство за одржлив Балкан: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за застапување и развој на политики во Западниот Балкан“, со поддршка на Европската унија, а реализиран од страна на ОРКА и партнерите од регионалниот конзорциум, кои го спроведуваат.

 

Препорачуваме:

Вработување

Почна одбележувањето на програмата за годинешниот струмички карневал

Струмица еден од апицентрите во државата