Спорт

Фото – ФК Беласица слави 95 години постоење – најавуваат Прва лига и за скоро време Шампионска титула

Во рамките на свеченостите по повод одбележувањето на патронот на Струмица, СВ 15 Тивериополски свештеномаченици , ФК Беласица одбележа 95 години постоење. Во присуство на голем број фудбалски работници, сегашни и поранешни фудбалери на струмичките ,,синобели,, беше промовирана монографијата ,, 95 години ФК Беласица,, од авторот Иван Станоев.

Сегашниот претседател на ФК Беласица Славчо Васков Пинда најави догодина на стадионот Младост кој е вториот најдобар стадион по националниот во Скопје – Прва лига но и атак на шампионската титула, оти според него Беласица го заслужува тоа.

Беласица е еден од најстарите фудбалски клубови во земјава и по есенската полуетапа се лидери во источното второлигашко фудбалско натпреварување.

На денешната свеченост присуствуваа и членови на навивачката група Ајдуци кои контуинирано му даваат подршка на клубот низ годините, истакнувајки дека време е Беласица да се најде во елитата.

 

Препорачуваме:

Академија Пандев и Интер го отвараат ,,Виареџо Купот,, во Италија

Ване Трајков

Хридам од Добрашинци победник на турнирот во мал фудбал во Василево, ТВ Канал ВИС четврти

Голманот на Турново Стоилков за Македонски спорт – Добар сум почнав да се движам !

Ване Трајков