Регион

Кучето влечено со автомобил вдомено кај Стојчевски во Скопје, ќе биде обучувано да помага на деца со посебни потреби

Лаки, кучето кое струмичкиот доктор го влечеше врзано за својот автомобил, конечно си доби дом каков што заслужува. Вдомен е кај Тони Стојчевски, европски првак во дресирање кучиња кои помагаат на лица со посебни потреби.

Кучето Лаки кое  има околу 7 месеци ќе биде негов домашен миленик, ќе се грижи за него, ќе му помогне за да ги надмине траумите низ кои помина во неговиот живот. Стојчевски не ја исклучува и можноста кученцето Лаки да биде обучено и за помош на лицата со посебни потреби

,,Го вдомив од хуман аспект оти бев потресен од самите фотографии и видео. Ова куче има потреба од нега бидејки е истрауматизирано. Во наредниот период ќе работам со него за да  му ја вратам  самодовербата во луѓето. Паралелно ќе се обидам да го обучам  и дресирам за да биде дел од екипата на кучиња кои им помагаат на децата со посебни потреби во нашето здружение. Верувам дека ова слатко кученце може да подари лубов на многу деца,, изјави Стојчевски за Канал ВИС

Тони Стојчевски по потекло е од Струмица, а од својата 15-та година живее и работи во Швајцарија, каде и започнува да обучува кучиња за помош на лица со посебни потреби. Од март годинава се враќа во Македонија за да ја продолжи својата хумана дејност во сопствената држава.

Снимката со Лаки, на која се гледаше како е влечен за браникот на возилото на струмичкиот доктор, предизивика ракции во јавноста. На 26 ноември СВР Струмица поднесе кривична пријава против него за делото мачење животни. Со налог на Основното јавно обвинителство од Струмица, Лаки беше одземен од него и беше предаден на граѓански активисти за права на животните.

Препорачуваме:

Банско,Баница,Висока Маала,Палазлија-Хамзали најкритични точки за кражба огревни дрва

НУЦК.Антон Панов вечерва ќе го одбелижи Светскиот ден на театарот

Dimitar Micev

„Окото“ на Маџиров испеана од Бека Стивенс