Спорт

Шампионот Струмица нема пари за да заигра во новата одбојкарска сезона, се бара решение !

Викендов стартува новата првенствена прволигашка  сезона во одбојка каде учество пријавија девет одбојкарски клуба од земјава меѓу кои и ОК ,,Струмица,, како актуелен бранител на двојната круна од минатата сезона. Ждребот случајно или не, посака струмичани во првото коло да бидат слободни , така што новата сезона ќе ја стартуваат на 11 ноември и тоа пред  своја публика со велешки Борец.

Но дали ќе игра шампионот Струмица останува и понатаму како отворено прашање. Клубот нема пари за новата сезона. Според информации на ВИС СПОРТ, ОК ,,Струмица,, ниту ја платил котизацијата за учество во Првата лига, ниту пак ги има подмирено долговите од минатата сезона за користење на салата Партизан. Паралелно ,,шампионскиот состав,, го напуштија голем број играчи заради немање мотивација и заминаа во клубови кои ќе ги плаќаат за нивната игра. 

Никој со сигурност не може да потврди дали шампионот ОК ,,Струмица,, ќе ја обезбеди потребната финансиска конструкција за да ,,заигра,, во новата сезона, иако има ветување дека работите ќе се средат и ќе се најде решение за неплатената котизација но и долговите од лани.

ОК ,,Струмица,, за разлика од лани, годинава ќе настапи со изменет состав. Речиси сите првотимци од ланскиот ,,шампионски синобел’’ состав си заминааа оти нема пари кои се рак рана за големи одбојкарски дострели. Инаку лани ОК ,,Струмица,, освен во сениорска беше шампион и во младинска и кадетска конкуренција. 

Во прволигашкиот шампионат пријавени се и екипите на Струмица, Борец од Велес, Пробиштип, Лешок, Вардар од Скопје, УГД од Штип, Лирија од Жеровјане, Шутова од Кичево и Универзитет од Тетово.  Есенската полуетапа од прволигашкиот одбојкарски шампионат треба да заврши на 16 декември.

 

Препорачуваме:

Пандевци – Шампиони и на Струмица и носат прволигашки фудбал !

Ване Трајков

Македонските одбојкари предводени од струмичани, ЕП ќе го играат во Словенија, еве кои се противниците !

ОФС Струмица не даде делегати за Изборното Собрание на ФФМ

Ване Трајков