• Sun. Nov 24th, 2024

Видео – Референдумот во Валандово не беше неуспешен туку напротив победивме, став на Калковалиев

Борислав Калковалиев од името на граѓанската иницијатива ,,Спас за Валандово,, тврди дека референдумот против рудници бил успешен. 4700 граѓани да излезат и притоа над 95 одсто да се изјаснат дека се против рудници е сигнал дека валандовчани сакаат чиста и зелена општина. Тој тврди дека за време на молкот и на денот на референдумското изјаснување имало многу притисоци и уцени и заплашувања валандовачни да не излезат на гласачките места.

,,Кога ќе излезат останатите и ке кажаат да сакаме рудници тогаш ќе кажеме дека референдумот не успеал,, беше дециден Калковалиев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *