Македонија

Законодавно-правната комисија,ја одби граѓанската иницијатива за продолжување на породилното

Под образложение дека содржи техничко-правни грешки, Законодавно-правната комисија во Собранието ја одби граѓанската иницијатива за продолжување на породилното. Предлогот беше тоа да се продолжи од 9 на 12 месеци за мајките кои ќе родат по едно дете, а за оние кои ќе родат близнаци или повеќе деца, породолното да трае 18 месеци.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека и тие ќе ги поддржат законските измени.

Пратеничката на ДУИ, Мирсада Асани побара од колегите да постигнат договор за подобрување на предлогот.

„Граѓаните знаат дека постои таков закон и да не губиме сега време со ова, туку да се фокусираме на суштината. Апелирам за општо разбирање меѓу нас и да не се судираме за работи кои навистина немаат тежина и да им бидеме здодевни на граѓаните кои очекуваат многу од нас.“ – изјави Мирсада Асани, ДУИ

„Јас сум за тоа да се продолжи, но реално не сум за тоа граѓанските иницијативи да поминуваат преку пратениците бидејќи е друга политичката вредност кога самите граѓански иницијативи влегуваат во собраниска постапка и продолжуваат како такви, но се разбира дека таа иницијатива треба да ги исполни правните аспекти.“ – изјави Фадил Зендели, БЕСА

Иницијативата ќе се врати во собраниска постапка откако подносителите на иницијативата ќе ги отстранат правните грешки.

Препорачуваме:

Алаѓозовски: Министерството за култура нема да даде пари за субвенционираните песни

Од април секој работник ќе зема минимална плата од 20.175 денари

Сузана Мицева

Откуп на тутун – тутунарите незадоволни