Спорт

Во Владевци по 4 пат ,,Street basket ,, турнир со фонд од над 60 илјади денари

Започна пријавувањето на ,,баскет,, екипите,  кои ова година имаат намера да учествуваат на традиционалниот турнир во улична кошарка, Street Basket –Владевци 2016. Станува збор за турнир кој се одржува по повод престојниот христијански празник Пресвета Богодорица на кошаркарскиот терен во Владевци. Пријавувањето на екипите трае до 23 август до 20 часот кога ќе биде и ждребувањето за дуелите . Според пропозициите котизацијата за учество на секоја екипа изнесува  2 500 денари а секоја екипа треба да брои пет играчи. Турнирот има награден фонд од 60 илјади денари од кој средства ќе добијат најдобрите екипи. Годинава за прв пат ќе има и натпревар во реализација на тројки.Најдобриот ,,тројкаш,, ќе добие парична награда од 1500 денари.  Турнирот ќе започне во среда на 24 август, со почеток во 20,00 часот и ќе трае до 27.08 2016 година кога ќе се одиграат финалните натпревари.Турнирот ќе се одржува четврта година по ред на осветелениот кошаркарски терен во Владевци а покровител е општина Василево со градоначалникот Ванчо Стојанов.

 Екипите може да се пријават и на 072 244 054

Препорачуваме:

Дени Илиев – Ја сакам Беласица а ракавиците ги донирав оти сакам пролетва гол да не примат !

Ване Трајков

Во недела меморијален турнир „Ване Арапов“

Сузана Мицева

По 13 години интернационална кариера Владо Милев потпиша за ОК Џио Струмица

Ване Трајков