Фотографијата со Никола и Ѓорѓи Ѓоргиеви каде прегрнати низ солзи ја славата победата против Унгарија и историскиот успех на македонската сениорска репрезентација на Европското првенство е избрана за слика на месецот од страната на ЦЕФ Европската одбојкарска федерација.
„Најверојатно една од емотивно најсилните фотографии од квалификациите за ЕП 2019. Одбојкарите на Македонија веднаш по победата над Унгарија и премиерниот пласман на нивната земја на едно Европско првенство”, стои во коментарот под сликата.