• Sat. Nov 23rd, 2024

Цицмиловиќ повторно тренер на Беласица – Ќе играме офанзивен фудбал, верувам во опстанок и КУП финале

ByВане Трајков

Jan 18, 2019

Раде Цицмиловиќ се враќа на кормилото на Беласица откако на стартот на сезонава беше заменет со Марјан Живковиќ кои заради слаби резултати беше пак разрешен од раководството на клубот во декември минатата година. Цицмиловиќ за ВИС СПОРТ вели дека приоритет ќе му биде обезбедување на прволигашкиот статуст на Беласица кој по есенската полуетапа е последна но и пласман во финалето од КУПОТ

 

,, Приоритет на клубот е да обезбеди опстанок и верувам во овој играчки кадар и плус новите засилувања дека ќе обезбедиме опстанок. Средината ми е добро позната и ќе ја исполниме зацртаната цел. Исто така сме и во полуфинале во Купот и ќе дадеме се од себе да го поминеме Македонија ЃП и да се најдеме во финалето. Ќе одиме натпревар по натпревар  и можам да ветам офанзивен фудбал без респект кон противникот. Ќе играме за гол повеке, без разлика кој ќе ни биде противникот,, вели Цицмиловиќ кој подвлече дека струмичките сино бели од денес се селат во Дојран каде ќе бидат до 23 месецов каде ќе одиграт две контролни средби

 

,,На 23 се враќаме во Струмица и на 24 заминуваме 10 дена за Анталија и таму ќе имаме три контролни средби  и тоа против Плоешти, Локомотив Пловдив а за третата преговараме. На 5 февруари се враќаме во Струмица а на 10 февруари во Струмциа закажавме контролка со Кит го,, потенцираше Цицмиловиќ кој најави деновиве во струмичкиот сино бел табор ќе дојдат четири до пет нови засилувања,  откако Беласица ја напуштија Горан Пашовски, Марјан Ташев, Викотр Серафимовски, Томе Јанев, Ирфан Вусљанин и Филип Ивановски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *