Регион

Ќе се гради патна мрежа во Сончевата езерска населба ,,Мантово” кај Конче – Утврдени приоритетите на Југоистокот за 2019 !

Советот на градоначалници при Југоисточниот плански регион ги утврдија прироритетните проекти за реализација идната година со средствата од Програмата за рамномерен регионален развој, за што Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе аплицира за средства во Бирото за регионален развој.

Градоначалниците на сите 10 општини на седницата во Конче дале едногласна подршка на четирите ТОП проекти кои се во интерес на подобрување на условите за живот и економски развој на локалните заедници а со тоа и на Југоистокот а два ќе бидат на резервната листа, со цел намалување на разликите во развојот на општините

Како прв приоритетен проект е избран ,,Подобрување на туристичката понуда во Југоисточниот плански регион преку изградба на патна инфраструктура во Сончевата езерска населба ,Мантово,, општина Конче. Таму се планира изградба на улици со цел полесен пристап и искористување на потенцијатлите што ги нуди ова езеро. Овој проект ќе чини околу 11 милиони и 800 илјади денари

Вториот проект за кој зелено светло дадоа сите градоначалници е ,, Туристичка патека од природата до културата на планината Плавуш,, во општина Валандово што опфаќа изградба на пешачка патека до манастирот СВ. Ѓорги со сите пропратни урбани елементи. Овој проект ќе чини околу 7 милиони денари

Третиот приоритетен проект оди во општина Дојран за каде Центарот ќе аплицира за ,, Хортикултурно и партерно уредување на дел од езерското крајбрежје и формирање на езерска плажа,, за што од Бирото ќе се бараат околу 4 милиони и 500 илјади денари

Четвртиот приоритетен проект е ,, Ревитализација на патот Богородица- Стојаково крстосница со регионалниот пат Гевгелија Богданци ,, за што се потребни околу 13 милиони денари

На листата на проекти како резервни се планирани ,,Помалку отпад за поквалитетен живот,, и Уредување на дел од индустриските зони во Југоистокот,,

Препорачуваме:

(Видео) Котев: Коледарските огнови се остатоци од паганското славење

Сузана Мицева

Петок е неработен ден

Сузана Мицева

Црвен крст постигна рекорд со поделени 9.500 чаеви на посетителите и учесниците на Струмичкиот карневал

Ѓ. K.