Спорт

Екс фудбалерот на Беласица Илија Николов-Mоторетката наполни 100 години

Екс фудбалерот на Беласица Илија Николов -Моторетката наполни 100 години па неговите најблиски му организираа роденденско изненадување. Тој е меѓу првите живи фудбалери на струмичка  Беласица кој пред камерата на Канал ВИС раскажува за неговите почетоци во 1922 година со фудбалската топка. Со фудбалот се простил во 1953 година од кога постојано е со Беласица а кога имал можност, одел и на стадионот Младост за да ги види сегашните струмичко синобели.

Играл халф а заради постојаното трчење тој го добил прекарот моторетка.

,, Игравме без пари, од срце, пред полни трибини. Само Струмица имаше тревно игралиште. Сега се информирам за Беласица а кога можам одам и на стадионот. Следам спорт . Освен фудбал домашен и странски на телевизија следам и тенис и навивам за Федерер ,, раскажува  Николов кој со своите најблиски синот Митко, внукот и Томислав Семенковски се потсетија за фудбалските денови

Разговорот со Илија Николов – Моторетката екслузивно во недела во емисијата Неделно попладне на Канал ВИС и во рамките на емисијата Дневна соба

 

Препорачуваме:

Ѓоковиќ и без вакцина ќе може да игра во Рим

Сузана Мицева

Ексклузивно – Стојков и Тимов ќе заиграт за Академијата на Горан Пандев !!!

Нова титула за младите на ОК Струмица – 15 години по ред ШАМПИОНИ

Ване Трајков