Спорт

На 22 и 23 септември автослалом трки во Струмица со стандардни и тркачки автомобили

Во организација на АКК ,,Примо авј,, од Скопје а под контрола на стручна комисија на АФМ  на 22 и 23 септември во Струмица ќе се одржи автослалом трки кои ќе се бодуваат за државниот шампионат на Македонија дознава ВИС Спорт . Трките ќе бидат на полигонот спроти хотелот ,,Сириус,, – некогашниот полигон за полагање возачка.

,,На овој натпревар право на настап ќе имаат сите кои поседуваат возачка дозвола, натпреварувачка лиценца издадена од АФМ и животно осигурување за авто натпревари. Возилата ќе бидат поделени во 4 класи од кои две за стандардни возила  со зафатнина на маторото до 1600 кубика и над 1600 кубика и две класи за тркачки возила до 1600 и над 1600 кубика,, информираа за ВИС СПОРТ организаторите

Пријавувањето на заинтересираните е до 17 септември  а струмичани, пријави може да добијат кај Мики Тодоров кој ова сезона дебитираше на авто трките или на 078 810 316

Според програмата во сабота на 22 септември ке биде техничкиот преглед на возила, верификација и состанок на учесниците со жири комисијата а потоа ке биде неофицијалниот и официјалниот тренинг на полигонот. Следниот ден на 23 септември ке биде натпреварувачкиот дел каде учесниците во сите 4 класи  ќе имаат по две возења кои ќе започнат во 12 часот по што ќе биде церемонијата на доделување на наградите.

 

Препорачуваме:

Балдовалиев донесе нова победа за Пандевци за пробив на третата позиција

Фото – Истатов од Дојран ја освои Куп титулата, Тиверијанки се закитија со сребро

Струмица против Лирија, Наковски В. против УГД-дома а Макс му гостува на СВСК, сите најавуваат победи

Ване Трајков