• Fri. Nov 22nd, 2024

ЦИВИЛ во Струмица, Валандово и Гевгелија

ЦИВИЛ – Центар за слобода и оваа недела продолжува работно со посети и јавни настани во повеќе градови низ Македонија.
Денес од 11:00 до 13:00 часот мобилниот тим на ЦИВИЛ за мониторинг и поддршка ќе ја посетат Струмица и ќе остварат комуникација со граѓанките и граѓаните на градскиот плоштад.

Во двочасовна средба, струмичани ќе бидат информирани за можноста да аплицираат за набљудувачи на ЦИВИЛ во изборниот процес. На настанот ќе се делат информативни и едукативни материјали за јакнење на јавната свест и за правaта на гласачите.

Попладнето, од 14:00 до 15:00 часот, мобилниот тим ЦИВИЛ ќе ја посети општина Валандово, од каде што ќе продолжи за Гевгелија. На гевгелискиот плоштад јавниот настан ќе се одржи од 16:00 до 18:00 часот. Во овие општини преку разговор со жителите ќе биде претставен проектот Напред! , а сите заинтересирани ќе бидат информирани за активностите на ЦИВИЛ и како можат да бидат дел од набљудувачкиот тим за време на изборите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *