• Mon. Nov 25th, 2024

Канцеларијата ја претворил во ординација-раководителот на Ѓавато живее на работното место

Раководителот на хидросистемот Ѓавато, Јован Попов, е неподвижен веќе втор месец. Настрадал во тешка сообраќајна несреќа и сега е врзан за кревет. Но, наместо дома или во соодветна установа, тој се лекува во службените простории. Донел болнички кревет, лекови и опрема. И за него се грижат вработените: го негуваат, му менуваат катетер, му даваат лекови.

Попов вели дека мора да биде во канцеларијата бидејќи е потребен на работното место. Тврди дека за оваа ситуација е запознаено министерството за животна средина и имал дозвола да престојува тука.

Вработените велат дека го информирале министерството за животна средина и испратиле фотографии од канцеларијата во Богданци за да ги запознаат со ситуацијата, но досега никој ниту дошол ниту реагирал.

Од министерството за животна средина информираат дека боледувањето на Попов е отворено од 30 март до 25 мај оваа година. Тврдат дека до нив не стигнале информациите дека раководителот Попов живее и се лекува во канцеларијата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *