Струмичкиот прволигаш Џио , македонскиот претставник во Челинџ Купот нема да го одигра реваншот со Омонија на Кипар, кој беше закажан за денеска. Имено експедицијата на македонскиот одбојкарски клуб уште ја напушти Никозија со оглед на тоа дека аеродромот во Солун се затвора како превентива од здравствената криза од ковид-19.
Во првиот меч струмичани го играа вчера доцна попладнето и загубија од Омонија со 0:3.