Одбојкарите на Џио Струмица продолжија да ,,газат” во прволигашкиот шампионат. Лекција им одржаа и на момците од Универзитет Тетово кој и во втората првенствена сесија не го положија испитот пред струмичката сино бела фурија која пред своја публика во салата Партизан славеа лесно и убедливо 3:0 во сетови.
Гостите од Тетово беа рамноправни само во првите половини од сетовите по што струмичани стапуваа на сцена и не дозволуваа изненадувања и мирно ги приведуваа сетовите во своја корист. 25:17, 25:14, 25:19 беше епилогот од мечот во салата Партизан меѓу двете најдобри екипи во прволигашкиот шампионат кој не донесе многу возбудувања и неизвесности
Со ова победа Џио Струмица останува единствена непоразена екипа која од врвот ќе влезе ТОП 4 во разигрување за Шампионската титула