Веќе подолго време во земјите-членки на ЕУ сериозно се шират гласини дека постои можност да се зголеми старосната граница за пензионирање.
Франција е првата земја иницијатор на ваквата идеја. Францускиот претседател Макрон изјави дека во план е да спроведе реформа со која жителите на Франција ќе се пензионираат две години подоцна од сегашната граница на старост која е 64, односно 62 години.
На жителите на Франција сепак, оваа идеја не им се допаѓа поради тоа што сметаат дека не е вистинско време за таков потег, бидејќи животниот стандард е веќе загрозен од економската криза и од пандемијата со коронавирусот.
Синдикатите во Македонија исто така сметаат дека е потполно несериозно во моментов да се размислува и да се разговара за зголемување на старосната граница за пензионирање.