• Sun. Nov 24th, 2024

Ќе има јавна и стручна расправа за интерконекторот со Грција

ByВане Трајков

Aug 15, 2022

Во септември ќе се организира јавна и стручна расправа за Урбанистичкиот план за подрачја и градби од државно значење за интерконективниот гасовод со Грција.

Од „Национални енергетски ресурси“ (НЕР) денеска информираа дека урбанистичкиот план ќе биде достапен на увид од 17 до 18 септември на веб страната на Министерството за транспорт и врски, како и на електронскиот систем Е-урбанизам и на веб страните на општините Неготино, Демир Капија, Богданци и Гевгелија.

Исто така, во хартиена форма примерок од урбанистичкиот план ќе биде изложен на увид и проверка на широката јавност во просториите на Министерството за транспорт и врски и во општините Неготино, Демир Капија, Богданци и Гевгелија.

Јавната расправа ќе се одржи на 20 септември, а стручната расправа на 28 септември. Двете расправи ќе се одржат во просториите на Министерството за транспорт и врски од 10 часот.

– Учесниците во стручната расправа можат да ги достават своите забелешки најдоцна во рок од 15 дена од одржувањето на стручната расправа. Забелешките ќе бидат составен дел на записникот од стручната расправа, врз основа на кој се изготвува извештај од стручната расправа, што го изработува стручна комисија формирана од донесувачот на планот, стои во соопштението од НЕР. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *