Ќе претрпи ли измени законот за субвенционирање на зелената нафта.Законот влегува утре во владина процедура.Со предлогот, на земјоделците ќе им се овозможи за 50 проценти поевтина нафта. Агенцијата за финансиска поддршка ќе им доставува платежна картичка со одреден износ во зависност од големината на земјоделските стопанства.Претседателот за сојуз на земјоделски здруженија ја поздравува одлуката што конечно некој проблемот ќе го стави на маса.
Митев се надева дека покрај собвенционирањето на зелената нафта министерството ќе ја разгледа и можноста за субвенции на семенскиот материјал.
„Зелената нафта“ од Министерството за земјоделство изминатите месеци се најавуваше како решение кое ќе го ублажи ударот од зголемувањето на акцизата за дизел горивото воведено во ноември 2017.
„Целта на измените е намалување на производните трошоци и поконкурентно производство“, беше ставот на МЗШВ.