• Sat. Nov 23rd, 2024

Јубилејно 10 – то издание на ,,Под кулите на Струмица,, Фестивал на староградски песни и серенади

Традиционално, по десетти пат во градот под Царевите кули, синоќа се одржа Фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“.Распеани струмичани како домаќини велат дека традицијата мора да продолжи и да живее меѓу младите.

На овогодинешното издание „Под кулите на Струмица“, кое се одржа на големата сцена во Центарот за култура „Антон Панов“, Први настапија „Распеани Струмичани“, па „Распеани Радовишани“, „Распеани Валандовчани“, Октет „Прилеп“ и Група „Серенада“ од Петрич, Република Бугарија

Фестивалот кој симболично е насловен „Под кулите на Струмица“, по една од најпознатите струмички песни, е од ревијален карактер, а е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Струмица и Министерството за култура на Република Македонија.

Фестивалот нема натпреварувачки каракатер, а секоја година е смотра на ансамблите кои ги негуваат староградските песни и серенади.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *