• Sun. Nov 24th, 2024

ЈПКД „Комуналец“ организираше Ифтарска вечера за вработените од исламска вероисповед

ByЃ. K.

Apr 6, 2024

Во рамките на Рамазанските пости, а во организација на директорот на ЈПКД „Комуналец“ Љупче Љачев и со поддршка од општина Струмица, за вработените во претпријатието од исламска вероисповед беше организирана ифтарска вечера.

Во дворот на „Комуналец“ имаше прекрасно дружење на домаќините и гостите меѓу кои беше и претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Ифтарската вечера се организира по втор пат во претпријатието и се покажа како одлична идеја да се сподели радоста за претстојниот голем празник Рамазан Бајрам.

„Нека им е за многу години празникот на нашите вработени од исламска вероисповед“, порачаа од ЈПКД „Комуналец“ Струмица.

By Ѓ. K.