Со подобрување на временските услови и покачување на температурите ЈПКД Комуналец започнува со чистење на дивите депонии околу градот како и со чистење на сите јавни зелени површини низ градот како малите паркови и игралишта за деца кои се наоѓаат помеѓу станбените комплекси.
Иако поединци се однесуваат несовесно со фрлање на смет насекаде се зголемува бројот на граѓани кои се повеќе се заинтересирани за околината која која ги опкружува, сакаат и заслужуваат почисти дворови, улици, паркови и детски игралишта и покрај секојдневната работа и апели од страна на ЈПКД Комуналец, Општината и еколошките друштва, несовесноста на некои поединци победува, остава грда слика на нашето секојдневно опкружување. Со зголемување на апелите, со секојдневното работење, совесно однесување на сите поединци Комуналец се надева дека ќе го подобри и унапреди изгледот на нашиот град за да добиеме почисти улици и јавни површини, детски игралишта и паркови.
Со ваквото однесување се дава пример и се покажува дека можеме да имаме уредена, чиста и здрава животна средина.