ЈПЕД „Струмица-Гас“ ја намали цената на гасот за 3,5%.Со претходните намалувања, речиси за една година- цената на гасот е намалена за 30%. Ова го изјави директорот на ЈПЕД „Струмица-Гас“, Струмица, Зоран Китанов.
Од ЈП „Струмица Гас“ апелираат до сите заинтересирани, навремено да поднесат барање за нови приклучоци, кои би се реализирале пред почетокот на новата грејна сезона.