• Thu. Nov 21st, 2024

Јани Атанасов повикан во А селекцијата – заедно со Горан Пандев против Турција и Шпанија

Младиот фудбалер на Академија Пандев – Јани Атанасов кој беше одличен в0 младинските до 19 години против Бугарија е повикан да игра за сениорската фудбалска  репрезентација на Македонија. Селекторот Игор Ангеловски денеска информираше дека на списокот  за пријателскиот натпревар со Турција на 5 јуни на ,,Филип Втори,, е и надежниот фудбалер од струмичко Пиперево кој неколку сезони игра за Академијата на Горан Пандев. Освен против Турција, Атанасов се најде на списокот и за квалификациската пресметка за СП 2018, против Шпанија што е на програмата на 11 јуни.

„Ги немам на располагање фудбалерите до 21 година , но затоа се уфрлени неколку други млади фудбалери кои треба да бидат иднината на македонската репрезентација. Тука мислам на Јани Атанасов од Академија Пандев потоа, Рустемоски, Елмаскако и Чурлинов кој веќе дебитираше“ – истакна селекторот Ангеловски по објавувањето на списокот

Ова значи дека Јани Атанасов можно е да заигра рамо до рамо со својот ментор Горан Пандев во дресот на македонската фудбалска репрезентација што преставува голем предизвик за момчето кои има преддоговор со Интер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *