Градоначалникот на општина Струмица вечерва се обрати преку својот фејзбук профил, апелирајќи до граѓаните да не креваат паника по првиот регистриран случај во оваа општина. Еве ја неговата порака:
„Според денешната статистика на Министерството за здравство, во нашата Општина е регистриран првиот потврден случај на инфицирано лице со корона вирусот. Како Градоначалник и Лекар сакам да ве уверам дека место за паника нема. Надлежните институции ги презедоа сите мерки за заштита коишто се утврдени и се применуваат во вакви случаи.
Упатувам јавна молба до сите вас, да ги почитуваме мерките за заштита од Ковид 19, а тоа значи задолжително носење заштитна маска, одржување социјална дистанца и никако собирање во поголеми групи.
Да издржиме и покажеме уште поголема одговорност кон сопственото и јавното здравје. Да не дозволиме нашата Струмица да стане ново жариште на Ковид 19“, вели Јаневски.