Пожарот што избувна нешто после 23 часот ги ангажира струмичките пожарникари, јавното комунално претпријатие, но и противпожарни екипи од неколку други градови.
Откако струмичките пожарникари утврдија дека пожарот е од големи размери, повикани се и пожарникарите од Радовиш, а потоа стигнаа и од уште неколку градови.
Градоначалникот Јаневски кој дојде да ја види ситуацијата со пожарот во трговскиот центар Глобал рече дека повеќе градоначалници понудиле помош залокализирање на огнената стихија.