• Mon. Nov 25th, 2024

Јагнето се бара за извоз, сточарите незадоволни од откупната цена

Јагнето се бара за извоз, сточарите незадоволни од откупната цена

Македонското јагне се бара на странските пазари, но понудата е сѐ помала. Побарувањата се уште поголеми, но се јавува недостиг од јагнешко месо, констатираат од кланичката индустрија.

Според Тони Павлоски од кланична индустрија, извозот е непречен, а со домашниот пазар „тешко оди“.

– Откупот на јагнињата тече непречено, понудата секоја година е послаба, побарувањата за извоз се поголеми, полека се појавува недостиг на јагнешко месо. Во споредба со лани, побарувачката е поголема за извоз, ама за домашниот пазар тешко оди. Нашата фирма извезува во Хрватска и во Италија. Откупната цена во моментов е околу 180 денари за килограм жива мера. На сточарите секогаш им е малку, на откупувачите, многу. Како што се работите, најверојатно ќе се појави недостиг од јагнешко, најмногу поради цената. Моментално, продажната цена е 380 денари. Тешко некако е и со продажбата и со побарувачката за домашен пазар. За понатаму, ништо не се знае, пазарот ја одредува цената. Извоз има, има и за домашен пазар, ама потрошувачката не е како порано, објаснува Павлески.

Ѕвонко Мицески е сточар од Штавица, Прилепско. Чува преку 300 овци, и од дете е со стадата. Мицески не е задоволен со отгкупната цена, сѐ уште чека подобра. Бара државата ветените 400 денари за заклано јагне побрзо да ги ислплаќа, а вели, потребни се и други субвенции. Мицески знае дека е намален сточниот фонд.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *