Актерот Ален Нанов пред публиката ќе се претстави со своето прво книжевно дело – збирката поезија „Ѕвездоскок“. Станува збор за поетска книга создадена не во еден здив, туку со децении и полека. Таа всушност е избор од децениското творештво на струмичкиот актер коешто одамна се подготвувало но никогаш не е издадено.
Во дебитансткиот ракопис на Ален Нанов „Ѕвездоскок“, кој содржи триесетина песни, имаме пример на урбана лирика, лирика чиј амбиент е првенствено нашето градско живеење.“ – пишува Ацо Гогов во неговите први редови од освртот кон книгата , додека пак Митко Гогов додава дека: „Тој врзува една друга невидлива нишка со читателот, во одреден момент чувствуваш авторска соголеност, но во другиот тоа е веќе разоткривање на повеќеслојни амбиентални и емотивно длабоки манифестирања на креативниот процес“.
Всушност првата неформална книжевна критика Ален ја добил многу одамна, додека бил дел од екипата на „Експрес радио“. Таму, соработувајќи со веќе искусните новинари Иван Василевски и Ѓорги Појразовски, имал прилика да прочита дел од творештвото на поетот Иван Василевски и да сподели со него дека многу му се допаѓа поезијата на василевски, притоа признавајќи дека и самиот пишува. Иван му побарал да прочита нешто од она што го создава и веќе наредниот ден му ја вратил тетратката со ситни лекторски корекции и првиот поттик, да продолжи да пишува бидејќи има интересен израз и талент. Оттогаш поминаа многу години, Ален во меѓу време стана актер, но поеизјата и понатаму имала важен дел од неговиот живот.
Овој петок, конечно целиот овој процес ќе се заокружи и со поетско претставување пред струмичани. Мултимедијалната промоција ќе ја отвори поетот Никола Маџиров, книгата ќе ја претстават издавачот Коста батев од „Art & Art Stidio Batev“, како и Ацо Гогов и Митко Гогов, додека стихови ќе читаат Ванчо Мелев и Оливера Аризанова Мансбарт.