Струмичкиот одбојкарски репрезентативец т Ѓорги Ѓоргиев, останува во Турција во тимот на „Мили Пјанго“ од Анкара, каде е од 2015-та година.
„Битките во силната Tурска лига и европскиот Challenge Cup продолжуваат и во сезона 2017/2018. Ѓорги го продолжи договорот на уште една година со екипата на Maliye Piyango“ – пишува на фан страната на Фејсбук на браќата Никола и Ѓорги Ѓоргиеви.
Никола Ѓоргиев пак се прости од Јапонското првенство и тамошниот Торај и неодамна напиша дека се сели во Полска во ОНИКО Варшава.
Браќата се наѓаат на подготовки со македонската репрезентација за Европската лига каде противници се селекциите на Азербејџан, Албанија и Шведска. Првиот турнир е во Скопје од 16-18 јуни