- Шумите покриваат 31% од вкупното копнено подрачје
- Средствата за живот на 1.6 милијарди луѓе зависи од шумите
- Шумите се дом за повеќе од 300 милиони луѓе ширум светот
- Тргувањето со шумски производи во 2004 година е проценето на 327 милијарди долари
- Шумите се дом за 80% од копнената биолошка разновидност
Живот во шумата
Кога некој би ве прашал која е дефиницијата за шумата, веројатно веднаш помислувате на дрвјата. Дрвјата доминираат – тие се најголемите организми присутни таму, многубројни се и не се движат. Сепак, шумата е заедница не само на растенија и животни, туку и на микроорганизми.
Ако ги измешаме неживите, абиотски фактори како што се климата и водата, па комплексните меѓуодноси помеѓу организмите и околината, дури тогаш сме поблиску до вистинското разбирање на овој екосистем.
Повеќе од 30% од земјината површина е покриена со шуми. Тие се помеѓу најзначајните складишта на биолошка разновидност на копното, вдомувајќи повеќе од две третини од познатите копнени видови. Покрај тоа, тие се засолниште и на најголемиот дел загрозени видови.
Шумата и луѓето
Луѓето имаат повеќекратна корист од шумите, вклучувајќи го дрвото добиено од стеблата, храна од животните, користење за пасишта, рекреација, медициснки услуги и др.
Чуварите и активистите на шумите и понатаму дебатираат околу техничката дефиниција на шумата. Според организацијата на ОН за храна и земјоделство ФАО, шумата не престанува да биде шумакога ќе исчезнат стеблата.
Иако тоа може да биде така, важно е да се сфати дека исчезнувањето на зелената покривка и заканата што произлегува од живеалиштата и човековото постоење се вклопува во пошироката слика за животот на земјата.
Шумски екосистем
Шумите доаѓаат во сите големини и видови – од северните тајги до шикарите во сушните подрачја па до тропските дождовни шуми во влажните тропи. Ги наоѓаме на подвижните глечери во слтководните и солени води, на арктичките планински падини. Не доаѓаат изолирани од останатиот пејзаж.
Видот на шумата во одредено подрачје зависи од многу елементи вклучувајќи ја климата, почвата, изворите на вода, режимот на врнежи, изворот на семиња и човековото влијание.
Комплексните еколошки односи поврзани со шумите можат да им овозможат на луѓето да профитираат од нив на различни начини. Меѓутоа, подлабокото разбирање на овие односи е клучно за развој на ефективното управување со шумите и можност за создавање на правила и прописи за таа цел.