Се наоѓа високо над селата Дрвош и Иловица и е симбол на човековата вековна борба и стремеж да создаде свое потомство. Токму овој камен се верува дека има посебна, магиска моќ и дека онаа жена што ќе го посети и ќе се протне низ тесните отвори, ќе успее да значне.
Традицијата е стара колку и сеќавањето на жителите од околните населени места. Никој не може да лоцира кога точно почнал да станува значаен овој камен, но, последниве години е возобновен ритуалот што таму се изведувал и повторно мноштво луѓе го посетуваат.
Во продолжение се потсетуваме на репортажата на колешката Стојне Митева од каменот на плодноста Бенли таш.