Одбојкарскиот шампион Струмица ќе игра во новата сезона, екипата контуинирано тренира а за финансиските проблеми е најдено решение. Вака информираше за ВИС СПОРТ првиот човек на клубот Ацо Ѓеоргиев кој подвлече дека котизацијата за учество во првата лига ќе била платена идната недела а паралелено договорена е динамиката за исплата на заостанатите долгови кон салата Партизан каде ОК Струмица лани играше
,, Работиме на решавање на проблемите . Екипата на Струмица во второто коло ќе игра со Борец од Велес на свој терен. Дотогаш котизацијата ќе биде платена а во меѓувреме најдовме решение како да се подмират долговите кон сала Партизан. Генерално ова е проблем кој ги тишти сите спортски клубови. Сакам да Ве информирам дека екипата доби нова опрема, таа тренира и ова сезона повторно ке биде во врвот на мак одбојката за одбрана на двојната круна,, потенцираше за ВИС СПОРТ претседателот на ОК Струмица Аце Ѓеоргиев
ОК Струмица изминативе години е доминантен на македонската одбојкарска сцена. Лани беше шампион во пионерска, кадетска, младинска конкуренција а со сениорите ја освои и Шампионската и КУП титулата.